Дома Фудбал Италија Oчоа правеше чуда, но Милан сепак ја победи Салернитана 🎥

Oчоа правеше чуда, но Милан сепак ја победи Салернитана 🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Со две средби од 12:30 часот денес беше отворено 16. коло во италијанската Серија А, а победи славеа Милан и Сампдорија.

Милан беше подобар од Салернитана со 1:2. На голот на Салернитана во овој натпревар дебитираше Гиљермо Очоа кој пристигна во во овој клуб по завршувањето на Мундијалот со Мексико.

Иако прими два гола Очоа денес беше фантастичен и спречи многу поубедлив пораз на домаќините.

Милан до водство стигна по само десет минути игра кога мрежата на гостите ја погоди Леао, само пет минути подоцна Тонали стрела за 0:2. И по двата постигнати гола „росонерите“ создаваа шанси. Во 58. минута беше поништен гол на Диаз поради офсајд.

По сите пропуштени шанси на Милан, Салернитана постигна гол на надеж преку Бонацоли во 83. минута. Сепак, до изедначување не можеа, па Милан заслужено ги однесе трите бода.

Во вториот натпревар со истиот резултат Сампдорија беше подобра од Сасуоло. Слично како и Милан против Салернитана, Сампдорија постигна два брзи гола во првиот дел преку преку Гамбјадини и Аугело во 25-та и 28-ма минута. Барарди во второто полувреме од пенал го постигна единствениот гол за Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кукуреља 70 милиони? Никој повеќе не може да го гледа

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Минатото лето Челзи …