Дома Фудбал Германија Oфицијално: Чаби Алонсо ќе биде тренер во Бундеслигата

Oфицијално: Чаби Алонсо ќе биде тренер во Бундеслигата

Тоа што се најавуваше во претходниот период доби официјална потврда – Чаби Алонсо е нов тренер на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот шпански фудбалер седнува на кормилото на Леверкузен, а информацијата веќе ја потврдија и двете страни.

За Алонсо враќање во Германија каде што како играч беше дел од големиот ривал на овој клуб Баерн Минхен играше уште за Ливерпул, Реал Мадрид…Каде што освојуваше титули и стана европски и светски шампион со Шпанија.

Пред започнувањето на тренерската епизода во Леверкузен, Алонсо истакна дека е возбуден.

„Добро го познавам клубот. Секогаш Леверкузен имал квалитетни играчи, па така е и сега. Возбуден сум што ја започнувам оваа работа“, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…