Дома Трансфер зона Oфицијално: Суарез повеќе не е играч на Гремио – познат следниот клуб?

Oфицијално: Суарез повеќе не е играч на Гремио – познат следниот клуб?

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразилскиот клуб Гремио од кој со голем стил се прости – со гол против Васко де Гама (1:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез во неделата вечерта доби овации од публиката и не можеше да ги задржи солзите кога во друштво на своето семејство кое се спушти на теренот го погледна видеото кое му го посвети Гремио.

Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш „бесмртен“ – напиша Гремио на социјалните мрежи.

Суарез постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а се очекува да му се приклучи на Интер од Мајами, каде го чекаат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…