Дома Фудбал Италија Oфицијално: Решена сагата со Санчез!

Oфицијално: Решена сагата со Санчез!

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез (31) од денес и официјално е нов член на Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед и Интер денес го потврдија трансферот на искусниот напаѓач кој минатата сезона како позајмен играч дојде во тимот од „Џузепе Меаца“.

За разлика од Јунајтед каде што ништо не покажа, Алексис во Интер прикажа подобри настапи и постигна четири гола на 29 натпревари.

Јунајтед го пушти Санчез во Интер без оштета после раскинувањето на договор само за да се ослободи од неговата огромна плата. Договорот помеѓу Интер и Санчез ќе има важност до 2023 година и тој ќе заработува околу седум милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаосот во ФИФА не стивнува: Шпанија и Португалија се закануваат со бојкот на Светското првенство 2030 година!

Конфликтот меѓу ФИФА и УЕФА околу иднината на СП дополнително ескалираше, а според пишувањ…