Дома Македонски спорт Мак фудбал Oфицијално: Мухамед Сејдини нов претседател на ФФМ

Oфицијално: Мухамед Сејдини нов претседател на ФФМ

0

Денес на собранието во Охрид беше избран новиот прв човек на ФФМ.

Откако Илчо Ѓорѓиоски си поднесе оставка функцијата В.Д претседател ја изврушуваше Мухамед Сејдини, а сега тој и официјално е избран за прв човек на македонскиот фудбал.

Додека Ѓорѓиоски беше на функција, Сејдини ја извршуваше функцијата потпретседател.

На денешното собрани Сејдини беше избран со 82 гласа „за“ и еден воздржан. Сејдини на чело на федерацијата ќе биде до 2021 година, тогаш истекува мандатот на делегатите на Собранието.

На Собранието на ФФМ присуствуваше и членот на Извршниот комитет на УЕФА Давор Шукер, додека претставник на ФИФА беше Хеиди Беха.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…