Дома Фудбал Останато Oфицијално: Мурињо има нова работа! (ВИДЕО)

Oфицијално: Мурињо има нова работа! (ВИДЕО)

0
mourinho

Многумина едвај чекаат да го видат Португалецот во новата улога.

Епизодата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед заврши на неславен начин откако Португалецот кон крајот на годината заработи отказ.

Набрзо потоа Мурињо кратко беше стручен консултант на неколку натпревари од Премиер лигата за телевизија на Островот, меѓутоа сега пронајде нов работа.

Се шпекулираше за негово враќање во тренерските води меѓутоа изгледа тоа барем одредено време нема да се случи – Мурињо има сопствена емисија!


Следете го Sportski.mk и на


Денес беше објавено дека Мурињо ќе има сопствена емисија на телевизијата „Русија Денес“ во која ќе зборува случувањата во фудбалот ширум светот.

Повеќе детали за емисијата која ќе се нарекува “On the touchline with Jose Mourinho” не се објавени. Меѓутоа знаејќи го Португалецот колку е страствен кога зборува за најважната споредна работа во светот нема сомневање дека ќе уживаме во неговите анализи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кралски третман: Откриено колку потроши Роналдо во Дубровник!

Одморот на Кристиано Роналдо и неговата вереница Георгина во Дубровник е заврешен. Славнио…