Дома Фудбал Лига на шампиони OФИЦИЈАЛНО: Модриќ ги победи Роналдо и Салах – Хрватот е најдобар во Европа!

OФИЦИЈАЛНО: Модриќ ги победи Роналдо и Салах – Хрватот е најдобар во Европа!

Денес беа извлечени групите во Лигата на шампионите, а како и што вообичаено на церемонијата се избираа и најдобрите за минатата сезоната во која трофејот го освои Реал Мадрид.

Реал Мадрид доминираше во изборот ги собра наградите за најдобар голман, дефанзивец, играч за врска и напаѓач.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


За најдобар голман беше избран Кејлор Навас, за најдобар играч за врска Лука Модриќ, за најдобар напаѓач Кристиано Роналдо кој ова лето го замени Мадрид со Торино.

За крај како и секогаш се чуваше за најдобриот играч во Европа, а тука во конкуренција беа Мохамед Салах, Кристиано Роналдо и Лука Модриќ.

Мохамед Салах имаше фантастична сезона и беше предводник на Ливерпул кој стигна до финалето во Лигата на шампионите, Роналдо повторно имаше одлична сезона и по трет пат во низа со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, заедно сега веќе со неговиот поранешен соиграч, Лука Модриќ.

На крајот за најдобар играч во Европа беше избран Хрватот Лука Модриќ, наградата му ја додели претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Ќе потсетиме Модриќ беше избран и за најдобар играч на Мундијалот кој ова лето се одигра во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Епилог од инцидентите во Гелзенкирхен: Приведени седум српски навивачи

Oд германската полиција соопштија дека приведени се седум навивачи на Србија кои биле вмеш…