Дома Фудбал Италија Oфицијално: Интер го доби најмладиот претседател во историјата на клубот

Oфицијално: Интер го доби најмладиот претседател во историјата на клубот

Она што се најавуваше денес доби и официјална потврда – Интер доби нов претседател!

Во прашање е Стивен Жанг, синот на сопственикот на „нероаѕурите“, Жанг Диндонг, кој го наследи Ерик Тохир станувајќи најмалдиот претседател во историјата на клубот со само 27 години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Членовите на управниот одбор ќе бидат именувани на денешниот состанок на акциониерите во клубот.

Помладиот Жанг е активен од самото доаѓање на Кинезите во клубот, па оваа одлука не зачудува премногу во прашање е само формалност и официјализирање на работата.

Новиот претседател на Интер на таа позиција ќе „дебитира“ во понеделник против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енрике пред полуфиналниот спектакл во Лигата на шампиони: Ниту еден тим не е подобар од ПСЖ

“НИТУ еден тим не е подобар од ПСЖ,” изјави тренерот на париската екипа Луис Е…