Дома Трансфер зона Oфицијално: Барселона го купи најдобриот млад играч во Јапонија!

Oфицијално: Барселона го купи најдобриот млад играч во Јапонија!

0

Mладиот јапонски фудбалер Хироки Абе преминува во Барселона потврдено е од Кашима Антлерс.

20 годишниот напаѓач Хироки Абе од Кашима Антлерс ќе премине во Барселона, потврдено е од јапонскиот клуб. Се очекува после медицинските прегледи да потпише повеќегодишен договор, но никакви детали не се соопштени.

„За две ипол години во Кашима напредував многу. Со нетрпение го чекам предизвикот во Барселона, иако ми беше тешко да ја напуштам Кашима. Се надевам дека ќе ги помина бројните препреки кои ќе ми се појават на патот“, порача Абе.

Абе е најдобриот млад играч на Јапонија. За три години во Кашима одигра 64 натпревари и постигна девет голови. Тој е вториот Јапонец кој пристигнува во Шпанија, откако Реал Мадрид го купи Такефушо Кубо.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека…