Дома Топ вести Oткриена причината за смртта на Радомир Антиќ

Oткриена причината за смртта на Радомир Антиќ

Славниот српски стратег Радомир Антиќ почина вчера во Мадрид.

Веста за смртта на тренерот кој во кариерата седеше на трите најголеми шпански клуба, Барса, Атлетико и Реал Мадрид го шокираше фудбалскиот свет.

Антиќ почина на 72 години. Како што пренесуваат шпанските медиуми тој почина од панреатис.

Човекот кој пред десетина година беше селектор на Србија со години имаше проблеми со бубрегот и панкреасот и на крајот не ја доби битката.

Антиќ починал во мадритската болницата на клиниката Рубер после сепса. После веста за неговата смрт како клубовите така и играчите започнаа да се простуваат од легендарниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…