Дома Фудбал Англија Oзил ја напуштил Англија!

Oзил ја напуштил Англија!

0

Meсут Озил е се поблиску до напуштање на Арсенал на крајот на оваа сезона.

Голем проблем е кога играчот со најголеми примања во клубот седи на клупата.

Озил не игра, а поголем проблем им прави тоа што не можат да го продадат бидејќи Германецот не сака да игра за помала сума на друго место, а некој клуб тешко ќе му ја обезбеди платата која ја добива во Арсенал.

Сега англиските медиуми пишуваат дека Озил ја напуштил Англија и заминал за Турција на одмор на неопределено време каде што ќе се обиде да си ги разбистри мислите.

Претходно англиските легенди испраќаа жестоки критики на сметка на Германецот поради тоа што од кога е во Арсенал пропуштил 100 натпревари.

Легендата на Арсенал, Мартин Кион жестоко го критикуваше Германецот. Кион му порача на Озил ако не може да игра да оди во пензија.

„Ситуацијата со Озил стана срамна! Неверојатно е да се пропушти толкав број натпревари. Навистина не знам дали баш толку е повреден, но знам дека како играч мораш да му бидеш на располагање на тренерот и да влезеш во континуитет“, изјави поранешниот стопер на Арсенал.

Неговиот соиграч од времето во Арсенал, Пол Мерсон исто така смета дека ситуацијата со Озил е бизарна.

„Според мене Озил е најдобриот играч на Арсенал кога е спремен. Не ми е јасно што се случува, но ако Озил не може да се избори за место во овој тим, тогаш навистина би требало да оди во пензија или да си замине во друг клуб“, смета Мерсон.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…