Дома Фудбал Останато Oд ѕвезда во Сити и Англија до резерва во Барнли: Харт објасни што се случувало помеѓу него и Гвардиола

Oд ѕвезда во Сити и Англија до резерва во Барнли: Харт објасни што се случувало помеѓу него и Гвардиола

Кариерата на Џо Харт тргна во надолна линија од кога Пеп Гвардиола дојде во Манчестер Сити.

До доаѓањето на Гвардиола во Манчестер Сити Харт беше прв голман на Сити со кој подоцна беше шампион на Англија. Денес тој е втор избор во Барнли (десетопласираниот тим во лига) зад Ник Поуп.

„Зборувавме и јас ги изнесов своите аргументи, послушав и што има тој да ми каже. Има тука повеќе од она што се зборуваше во јавноста дека Пеп сака и голманот да знае да игра со нозе“, изјави Харт во разговор за „Гардијан“.

Харт од Сити замина во 2016 година на позајмица во Торино, па во Вест Хем, после шест години како прв голман на „граѓаните“.

„Сфатив дека тој сака да остави свој печат во Сити. Имаше правец по кој сакаше да оди и не е дека од тогаш се мачеше, зарем не? Бев загрижен. Многу луѓе се обидоа да ме разубедат, но некогаш едноставно вие имате чувство“, зборуваше Харт.

За Харт Гвардиола постапил добро бидејќи отворено му кажал како стојат работите.

„Се вратив од Европското првенство и јасно ми беше кажано до крајот на преодниот рок да го изберам својот пат. Не му замерувам, ја прифатив неговата одлуката. Се разбравме како двајца луѓе кои го сакаат фудбалот“, раскажа англискиот голман.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tрадицијата вели: Реал Мадрид ќе биде шампион!

Реал Мадрид е многу блиску до рекордната 34.титула во Ла Лига откако вчера беше победен Ге…