Дома Македонски спорт Мак фудбал Oд Шкупи демантираат: Сакаат да се тестираат ама во друга болница!

Oд Шкупи демантираат: Сакаат да се тестираат ама во друга болница!

Денес од страна на Синдикатот на фудбалери во Македонија беше објавено дека тимот на Шкупи одбил да се тестира на коронавирус.

Во Шкупи наводно не сакале да се тестираат затоа што не веруваат во тестовите, меѓутоа од управата на клубот од Чаир стигна демант. Тие демантираат дека не сакаат да се тестираат, сакаат но во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Гледајќи ја ситуацијата во државата, ние како професионален клуб во прв план го ставаме здравјето на фудбалерите и вработените во Шкупи. Пред неколку недели направивме тестови за ковид-19, а тестираните беа негативни. За секоја наша постапка се консултираме со Комисијата за заразни болести. 

Ние како клуб ги одбивме тестирањата на „Аџибадем Систина“, бидејќи не се прифатени од државните институции, па побаравме да се тестираме во болницата „Мајка Тереза“ и очекуваме датум. 

Затоа, мораме да ги демантираме сите објави дека Шкупи одбива да се тестира на ковид-19, бидејќи само не прифаќаме да се одржат во споменатата болница“, стои во соопштението на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …