Дома Фудбал Англија Oграбена вилата на Салах, му украле само телевизори

Oграбена вилата на Салах, му украле само телевизори

Вилата на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах која се наоѓа во Каиро била ограбена, објавија египетските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од куќата нафудбалерот биле украдени неколку телевизори и ништо друго. Египетските медиуми пишуваат дека не е украден никаков накит или некои други вредни предмети. Во моментот на грабежот во вилата немало никого.

Капитенот на египетската репрезентација би требало во следната недела да ја посети татковината и да го предводи Египет во квалификациите за Африканскиот куп на Нации против Малави.

Салах минатата недела стана најдобар стрелец за Ливерпул во Премиер лигата со постигнати 129 голови во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо нема да биде исто: Шпанците воведуваат нови правила оваа сезона

Шпанското фудбалско првенство, едно од најсилните во светот, започнува на 15 август. Шпанц…