Дома Македонски спорт Oбјавен списокот на фудбалерките за натпреварите со Летонија и Австрија

Oбјавен списокот на фудбалерките за натпреварите со Летонија и Австрија

Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година. 

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 1. септември (четврток) нашите фудбалерки ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија. Натпреварот почнува од 16:00 часот.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Во вториот натпревар од септемвриските квалификации, Македонија ја очекува гостински дуел против Австрија.

Мечот Австрија – Македонија ќе се одигра на 6. септември со почеток во 20:30.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за квалификациските средби ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија);

Одбрана: Драгана Костова (Каменица Саса), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Ана Милчевска (Истатов Кул), Теодора Ѓорѓиевска (Истатов Кул), Христина Јошевска (Љуботен), Јулија Живиќ (Сплит);

Среден ред: Александра Јовановска (Истатов Кул), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Марјана Нацева (Борусија Дортмунд), Теа Божиновска (Ријека), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса);

Напад: Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед), Улза Максути (Ас Јунајтед),  Бојана Петкова (Истатов Кул), Салији Шкипе (Хесен Мулхајм. Германија), Гентјана Роки (Купс, Финска);

Тренинг базата на нашата женска селекција е во хотел Истатов, Нов Дојран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Халанд се посрамоти: Од неколку метри промаши – празен гол! 🎥

Ерлинг Халанд во денешното градско дерби против Манчестер Јунајтед го имаше едно од најгол…