Дома Фудбал Ново засилување за Струга – пристигна фудбалер од француски третолигаш (Видео)

Ново засилување за Струга – пристигна фудбалер од француски третолигаш (Видео)

Фудбалскиот клуб Струга Трим Љум продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најновото име во нивните редови е Ласана Диако – централен дефанзивец кој доаѓа од Франција. Станува збор за 26-годишен стопер со потекло од Мали, кој поседува и француски пасош.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Диако пристигнува од редовите на Париз 13 Атлетик, клуб кој се натпреварува во третата фудбалска лига на Франција. Со своето интернационално искуство и физичка подготвеност, се очекува да донесе стабилност и цврстина во одбранбената линија на стружани.

Во текот на својата кариера, овој фудбалер има настапувано за неколку француски клубови, меѓу кои се Кретеил, Шамбле, Луситанос, Клермон Б, Шатилон и Вилеџуф. Со тоа зад себе има солидно искуство од пониските, но конкурентни лиги во Франција, каде што стекнал важни фудбалски вештини и натпреварувачка зрелост.

Фото: Струга ФК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скалони се расплака и не одговори на ниедно прашање

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони не успеа да ги задржи емоциите и го напушти интервј…