Дома Ракомет Ново име во Вардар: Пристигнува српски репрезентативец!

Ново име во Вардар: Пристигнува српски репрезентативец!

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ (20) во иднина ќе биде член на Вардар. Доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и во Австрија.

Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година. Настапувал и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз. Играше и во Лига Европа каде екипата стигнаа до главната фаза.

Пред да замине за Франција , една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за екипите на Врбас и на Црвенка. Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигнал 34 гола.

„Голема ми е чест и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло, изјави Урош Митровиќ.

Фото: РК Вардар
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…