Дома Моторспорт Новиот претседател на ФИА најави казна за Хамилтон

Новиот претседател на ФИА најави казна за Хамилтон

Луис Хамилтон во последниот круг на Големата награда на Абу Даби ја изгуби осмата титула светски шампион во Формула 1.

Трофејот на крајот заврши во рацете на Макс Верстапен. Последниот круг предизвика многу реакции и незадоволство во кај Британецот. Хамилтон јасно го покажа своето незадоволство со тоа што не се појави на свечената церемонија за прогласување на најдобрите на ФИА. Сега поради тоа може да добие казна.

„Возачите кои завршиле како прв, втор и трет мораат да бидат присутни на годишната цереминија на ФИА за доделување на наградите“, стои во правилникот кој возочат на Мерцедес не го испочитува.

Новиот ФИА претседател Мохамед Бен Сулајем веднаш најави дека Хамилтон може да биде казнет.

„Правилата се правила. Секако дека мораме да ги следиме сегашните правила. Ќе анализираме. Ако пости некакво прекршување сигурно нема да простуваме на никого“, порача Бен Сулајем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…