Дома Фудбал Новинарка побара доказ од Ѓоковиќ, а Србинот ја замолче со една реченица!

Новинарка побара доказ од Ѓоковиќ, а Србинот ја замолче со една реченица!

Новак Ѓоковиќ ги дозна своите противници на претстојното Отворено првенство на Австралија (од 12 до 26 јануари). Како што налагаат протоколите пред почетокот на турнирот, сите играчи одржаа прес-конференции за медиумите на кои одговараа на различни прашања од новинарите, така беше и со српскиот тенисер. Но, на самиот крај дојде до помали проблеми.

Кога веќе сè беше завршено и кога модераторот рече дека нема повеќе време за прашања, една новинарка почна да поставува прашање и да се расправа со модераторот. Новак на сето тоа господски реагира и рече дека ќе одговори на уште едно прашање. Потоа таа го праша да прокоментира интервјуто што го даде за “GQ” во кое рече дека бил затруен со храна додека бил во карантин во Австралија.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Имате ли било какви докази за тоа што го наведовте во врска со труењето со храна?“, праша новинарката.

„Слушајте, тоа интервју се појави во четврток на интернет, тоа е февруарското издание. Јас го дадов тоа интервју пред неколку месеци, не би сакал да влегувам повеќе во детали, фокусиран сум на турнирот. Ако сакате да видите што реков, можете да го прочитате членокот“, одговори Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Сакаме да го освоиме ФА Купот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, увери дека не им дава приоритет на натпрева…