Дома Фудбал Нови проблеми за Анчелоти: Реал Мадрид остана без уште еден бек

Нови проблеми за Анчелоти: Реал Мадрид остана без уште еден бек

Левиот бек на Реал Мадрид Фран Гарсија се здоби со повреда на мускул.

Оваа вест ја потврдија денеска мадридските извори, но не ја открија сериозноста на повредата.

Најверојатно не е нешто сериозно, но истакнаа дека е неизвесен за натпреварите по репрезентативната пауза.

Ова всушност претставува проблем за Карло Анчелоти, најмногу поради тоа што и Ферлан Менди е повреден и нема да игра околу три недели.

Реал Мадрид по паузата го пречекува Леганес, потоа и Реал Сосиедад во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот, а на 8 март следи и првиот дуел со Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Останува да видиме кој ќе игра на лев бек доколку Фран Гарсија не биде подготвен…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…