Фудбалерот на Фиорентина, Мојзе Кин, излезе од болница откако вчера се здоби со повреда на главата против Верона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лекарите му дозволиле да си замине од болницата во Верона и да се врати во Фиренца преку ноќта. Сите клинички тестови биле негативни, останува само лузна, се наведува во извештајот.
Неговиот тим во петок ќе игра против Лече, додека тој ќе одмара некое време од претпазливост.
Фиорентина за краток период се соочи со два сериозни здравствени проблеми. Прво, колабираше Едуардо Бове против Интер, а сега и ситуацијата со Мојзе Кен… За среќа, двете ситуации завршија со позитивен исход.