Дома Моторспорт Новата патека во Формула 1 во Мадрид ќе се вика „Мадринг“

Новата патека во Формула 1 во Мадрид ќе се вика „Мадринг“

Нова патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика „Мадринг“, соопштија денеска организаторите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На новата патека во главниот град на Шпанија од следната година ќе се вози трка во шампионатот на Формула 1. Патеката е поставена околу делот од изложбените хали во близина на главниот аеродром во Мадрид, користејќи комбинација од постоечки патишта и специјално изградените делови на патеката.

Организаторите договорија со Формула 1 договор за 10 години, до 2035 година.

Изборот на името „Мадринг“ потсетува на патеката во Австрија Ред Бул Ринг и познатата патека во Унгарија, „Хунгароринг“.

Името има за цел да „воспостави концизен и незаборавен идентитет кој директно упатува на градот домаќин, веднаш препознатлив низ целиот свет и не е потребен превод“, се наведува во соопштението.

Организаторите изјавија дека името треба да го нагласи поврзаноста на патеката со градот Мадрид и дека тоа ќе биде „спектакуларна патека“, слична на оние во Мајами, Абу Даби и Лас Вегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Падна од моторот, па го турна и му удри шлаканица на редарот (Видео)

Неверојатно е тоа што го направи Марко Безеки, кој нема да настапи на Големата Награда на …