Дома Фудбал Новата ѕвезда на Манчестер сити се појави на собирот во репрезентацијата и доби скапоцен подарок (Видео)

Новата ѕвезда на Манчестер сити се појави на собирот во репрезентацијата и доби скапоцен подарок (Видео)

Новата млада ѕвезда на Манчестер Сити, Абдукодир Хусанов, пристигна на собирот на репрезентацијата на Узбекистан пред претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хусанов првпат се приклучи на своите соиграчи од репрезентацијата по трансферот од Ленс во Сити, а во Узбекистан веднаш го дочека неверојатен подарок.

При пристигнувањето на собирот на репрезентацијата, Хусанов го дочека луксузен Мерцедес Г клас, а според странските медиуми, подарокот му го предал Улугбек Асонбоев, функционер од Фудбалскиот сојуз на Узбекистан.

Цената на ова теренско возило на Мерцедес, во зависност од моќта и нивото на опрема, изнесува до 270.000 евра.

Хусанов има само 21 година и е далеку најголемата ѕвезда на Узбекистан. Овој стопер зимата од Ленс преку трансфер вреден 40 милиони евра пристигна на Етихад и оттогаш е стандард на стоперската позиција, има шест настапи во Премиер лигата и по еден во Лигата на шампионите и ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …