Дома Останати Кошарка Нов скандал во НБА: Јокиќ доби брутален лакт во брадата, судиите останаа неми (Видео)

Нов скандал во НБА: Јокиќ доби брутален лакт во брадата, судиите останаа неми (Видео)

Никола Јокиќ одигра нова феноменална партија во дресот на Денвер, овој пат во победата на неговиот тим против Феникс Санси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој пат постигна двојно-двојно, а му фалеше уште еден скок за да го претвори во тројно-двојно на оваа средба на неговиот тим.

Јокиќ го заврши натпреварот со 26 поени, 10 асистенции и девет скокови.

Сепак, натпреварот практично беше обележан од срамен потег на еден играч на Феникс кој го удри Никола Јокиќ, а уште полошо беше тоа што судиите не реагираа.

Имено, многумина веќе покажаа дека не бираат начин за да го запрат Никола Јокиќ кој е вистински мајстор, и под кошот, но и на другите делови од кошаркарскиот терен.Овој пат од Феникс решија да ја “испробат” оваа метода во фазата на напад, поточно, додека Никола Јокиќ го бранеше својот кош.

Сè се случи пред крајот на третата четвртина кога Денвер веќе имаше многу добра предност. Букер започна продор покрај Јокиќ.

Во тој момент го удри со лакт во брадата на Никола Јокиќ и сè се случи пред судијата кој остана апсолутно нем.

Веднаш Јокиќ падна на подот, а бидејќи судиите не се огласија, Феникс дојде до поени кои на крајот не им помогнаа многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонец ќе го предводи нападот на ПАО од следната сезона

Панатинаикос го ангажира Елмин Расодер, македонски репрезентативец, кој минатата сезона бе…