
Строго чуваната тајна за она што се случи во март, сепак излезе на виделина. Во март Реал Мадрид играше натпревар од 27. коло на Ла Лига против Селта Виго на гости.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гостинските фудбалери успеаја на овој натпревар да дојдат до победа, но на многу тежок начин.
Имаа предност од 1:0 откако Чуамени постигна гол во 11. минута.
После тоа, Иглесијас постигна гол во 25. минута за израмнување на резултатот.
Се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено 1:1, но тогаш гостите дојдоа до три бода благодарение на голот на Валверде во 94. минута од натпреварот.
Сега на површина излегоа нови информации поврзани со тој натпревар од страна на Пепе Алварез, човек кој е инсајдер за вести од Реал Мадрид.
Тој тврди дека четворица играчи одбија да патуваат со тимот на натпреварот против Селта.
Се работи за Раул Асенсио, Камавинга, Дани Карвахал и Карерас.