Дома Фудбал Норвежаните ја тужат ФИФА поради мешањето на Трамп

Норвежаните ја тужат ФИФА поради мешањето на Трамп

Норвешката фудбалска федерација е подготвена да поднесе официјална жалба до Етичкиот комитет на ФИФА поради наводното политичко влијание на американскиот претседател Доналд Трамп во случајот на напаѓачот на репрезентацијата на САД Фоларин Балогун.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателката на Федерацијата, Лисе Клавенес, предупреди дека обидите да се „заташка“ целата ситуација не се прифатливи и дека ваков преседан би можел сериозно да го загрози фудбалот.

Случајот привлече големо внимание откако ФИФА за време на Светското првенство ја укина казната изречена на американскиот напаѓач Фоларин Балогун.

Набрзо по тоа, Доналд Трамп јавно потврди дека зборувал со претседателот на ФИФА Џани Инфантино и барал преразгледување на одлуката.

Сега случајот може да добие нова димензија.

Лисе Клавенес во интервју за британскиот „The Times“ најави дека Норвешката федерација ќе го отвори прашањето пред ФИФА.

„Кога на ваков начин ќе прекршите правило, влегувате на опасен терен кој ја става целата игра во ризик. За фудбалот е загрижувачки кога се доведуваат во прашање основните правила на спортот”, рече Клавенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мереска го продава ланско засилување на Гвардиола од 31.000.000 евра

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс. Как…