Дома Моторспорт Норис не ја губи вербата: Се чувствувам како најдобриот возач во Формула 1

Норис не ја губи вербата: Се чувствувам како најдобриот возач во Формула 1

Ландо Норис и понатаму има целосна доверба во своите способности, и покрај неодамнешните проблеми во квалификациите.

Возачот на Мекларен ја загуби водечката позиција во генералниот пласман по четвртото место во Саудиска Арабија.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Неговите шанси за победа ги уништи грешката на почетокот на третата рунда квалификации.

Тоа беше продолжение на нешто послаб викенд во Бахреин, каде што заврши како трет, но со многу грешки.

Норис останува уверен дека има сè што е потребно да биде најдобриот.

„Не сум изненаден поради сите грешки што ги правев последните неколку саботи“, изјави Норис откако го загуби водството во шампионатот.

“Со неделите сум, мислам, прилично задоволен – беа доста силни. Темпото ми е секогаш добро.”

„Имам доверба дека брзината е тука, и се чувствувам како да сум моментално најдобар, но себеси си го правам премногу тешко во сабота“, кажа тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Дебаклот на Хамилтон во Ферари бил очекуван – најдоброто го оставиле за 2026 година!?

Иако почетокот на сезоната за Луис Хамилтон во Ферари е далеку од совршен, шефот на тимот …