Дома Фудбал Ноер доби суспензија која можеби никогаш нема да ја одработи

Ноер доби суспензија која можеби никогаш нема да ја одработи

Голманот на Баерн Мануел Нојер (38) доби црвен картон на натпреварот против Баер Леверкузен (0:1) на „Алијанц Арена“ во осминафиналето од германскиот куп. Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз објави дека Нојер поради директното исклучување е суспендиран на два натпревари од купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нојер во својот 866-ти натпревар за прв пат доби црвен картон откако се судри со Холанѓанецот Жеремије Фримпонг и го спречи да постигне гол. Баерн играше со играч помалку од 17-та минута, а Леверкузен до победата дојде со голот на Натан Тела на 20 минути пред крајот.

Со оглед на тоа што Баерн е елиминиран и оваа сезона нема повеќе да игра во купот, Нојер би требало да ја одработи суспензијата во следната сезона, а договорот со Баерн му истекува на 30 јуни 2025 година.

Ако потпише нов договор или продолжи кариера во друг германски клуб, ќе ги пропушти првите две кола од германскиот куп во сезоната 2025/2026, или првото коло и германскиот суперкуп, ако Баерн освои првенството на крајот од оваа сезона. Ако ја заврши кариерата или направи трансфер во клуб надвор од Германија, нема да ги одработи двете средби суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ игра натпревар од второто коло на Вимблдон против Циципас

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ во среда го очекува нов предизвик на Вимб…