Дома Фудбал Нивниот миленик ги воодушеви со фантастичниот гол, па си поиграа со „Википедија“ страницата на Кафу (Фото)

Нивниот миленик ги воодушеви со фантастичниот гол, па си поиграа со „Википедија“ страницата на Кафу (Фото)

Aстон Вила во неделното градско дерби го победи Бирмингем со 4.2, а натпреварот го обележи Алан Хатон.

Десниот бек на Астон Вила во 76-тата минута од натпреварот постигна фантастичен погодок за конечни 4:2. Хатон во еден момент се „претвори“ во Меси и нанижа неколку фудбалери на противничкиот фудбалер, за потоа и да ја погоди мрежата на противничкиот тим.

Навивачите на Астон Вила беа воодушевени од неговиот погодок, па некој од нив се досетил на интересна идеја. Тие малку ја променија страницата на Википедија на еден од најдобрите десни бекови на сите времиња Кафу.

Имено, во описот на Бразилецот тие допишаа дека Кафу е уште познат и како бразилскиот Алан Хатон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…