Дома Фудбал Ни Салиба, ни Конате: Реал го сака дефанзивецот кој беше избркан од Јувентус

Ни Салиба, ни Конате: Реал го сака дефанзивецот кој беше избркан од Јувентус

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид има планови да ја засили својата одбранбена линија во текот на летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неочекувано го добија Раул Асенсио како стандарден стопер за тековната сезона и тој изгледа многу добро покрај Тони Ридигер во отсуство на Давид Алаба и Едер Милитао, но тоа не значи дека Реал нема да биде активен на пазарот претстојното лето со намера да ја зацврсти последната линија.

„Марка“ информира дека во видното поле на Реал има неколку големи имиња како Ибрахим Конате, Вилијам Салиба и Кастело Лукеба. Сите се доволно млади, но сепак докажани и искусни за своите години. Им се потребни играчи од таква категорија, со несомнителен квалитет.

Меѓутоа, на списокот во Валдебебас се наоѓа и едно име за кое многу се зборува оваа сезона, а неодамна беше квалификуван како „отфрлен“. Станува збор за Дин Хујсен кој Јувентус лесно го напушти испраќајќи го во Борнмут за 15.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…