Дома Фудбал Невидено сценарио: Повеќе од половина тимови во Премиер лигата би можеле да играат во европските натпреварувања

Невидено сценарио: Повеќе од половина тимови во Премиер лигата би можеле да играат во европските натпреварувања

Сценарио во кое дури 11 англиски клубови обезбедат настап во европските натпреварувања е исклучително сложено, но теоретски возможно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вообичаената распределба на местата во УЕФА натпреварувањата за клубовите од Премиер лигата вклучува четири места за Лигата на шампионите, едно за Лига Европа (за петопласираниот клуб) и две дополнителни места за победниците на ФА Купот (Лига Европа) и Лига купот (Конференциска Лига). Но, под одредени околности, тој број може да се зголеми на 11 клубови.

Првото зголемување веќе е практично осигурено бидејќи Англија речиси сигурно ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите поради најдобриот национален коефициент. Тоа значи дека и петопласираниот тим од Премиер лигата ќе игра во елитното натпреварување. Но, дополнителни три места доаѓаат од специфични сценарија:

  1. Англиски клуб ja освојува Лигата на шампионите, а не завршува во Топ 5 на Премиер лигата – единствениот реален кандидат за тоа е Астон Вила, која моментално не е меѓу петте најдобри, но сè уште е во трка за европската титула.
  2. Англиски клуб ja освојува Лига Европа, а не завршува меѓу првите седум во првенството – најизгледни кандидати се Тотенхем или Манчестер Јунајтед, кои се далеку од врвот на табелата.
  3. Англиски клуб ја освојува Конференциската лига, а не завршува меѓу првите седум – тука би имал клучна улога Челси, кој сè уште е во натпреварувањето.

Ако сите три сценарија се остварат, тогаш би имале седум англиски клубови во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската лига. Последниот, 11-ти англиски претставник во Европа, би можел да се обезбеди преку распределбата на местата од домашните купови. Ако, на пример, победникот на ФА Купот и Лига купот веќе осигураат место во Европа преку лигата, тогаш квотата од тие натпреварувања се пренесува на Премиер лигата, што значи дека и 11-тиот клуб на првенството (на пр., Кристал Палас) би добил право на настап во Европа.

Конкретно, ако Ливерпул го освои Лига купот и Премиер лигата, Астон Вила Лигата на шампионите, Тотенхем или Јунајтед Лига Европа, а Челси Конференциската лига, тогаш клубот од 11-то место на Премиер лигата (на пр., Кристал Палас) би добил право на настап во Европа.

Иако ова е исклучително комплициран и тешко остварлив сценарио, не е целосно невозможно. Сè зависи од тоа како англиските клубови ќе ја завршат сезоната во домашното првенство и европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Револуционерни промени во Премиер лигата – нема повеќе „крадење време“

Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе воведе строги мерки против одолговлекувањето на игра…