Дома Фудбал Неверојатна грешка во Лигата на шампионите. Погледнете како Ренџерс прими гол

Неверојатна грешка во Лигата на шампионите. Погледнете како Ренџерс прими гол

Клуб Бриж оствари значаен чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од плеј-офот триумфираше со 3:1 на теренот на Глазгов Ренџерс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Головите за гостите ги постигнаа Ромео Вермант во 3. минута, Спилерс во 7. минута и Брендон Мехеле во 20. минута, додека единствениот погодок за домаќините беше дело на Данило во 50. минута.

Првиот гол Бриж се случи по неразјаснета грешка на Насер Џиге. Стоперот на Ренџерс, близу централната линија, несфатливо ја загуби топката, предавајќи ја на противничкиот играч Вермант.

Вермант го искористи подарокот и тргна кон голот. Исклучително го надмудри излезениот голман, со вешт лоб од околу 25 метри, што можете да го погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …