
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, минатата недела во Атина ја освои својата 101. титула во кариерата и се најде на четвртото место на АТП листата.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината меѓу четирите најдобри тенисери во светот, што е доволен показател дека 38-годишникот сè уште припаѓа на самиот врв на светскиот тенис.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Пласирањето на Ѓоковиќ меѓу четирите најдобри на планетата му донесе соборување на уште еден рекорд. Имено, Ѓоковиќ со неверојатни 808 недели во топ 4 е тенисерот кому тоа најдолго му успеало.
Тоа што го потврдува дека Ѓоковиќ е без конкуренција најдобар играч во историјата е податокот дека Новак најдолго беше прв во светот, како и меѓу двојцата и тројцата најдобри.
Ѓоковиќ помина 428 недели на првото место, 599 во топ 2, а 756 во топ 3 на планетата.