Дома Фудбал Необичен момент од Шпанија: Не ја послуша вештачката интелигенција и тоа му донесе трофеј!

Необичен момент од Шпанија: Не ја послуша вештачката интелигенција и тоа му донесе трофеј!

Реал Сосиедад го освои Купот на кралот, а претседателот на клубот откри интересен момент.

Претседателот на Реал Сосиедад, Џокин Аперибаи, сподели необичен дета од процесот на избор на тренер, а неговата изјава брзо стана популарна низ цела Шпанија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во интервју за Cadena SER призна дека пред да го ангажира тренерот Пелегрино Матарцо, се консултирал ни помалку ни повеќе од вештачка интелигенција, а одговорот што го добил не му влеал многу надеж.

„Ми го предложија Матарцо, а јас ја прашав вештачката интелигенција дали е добар тренер за Реал Сосиедад. Ми рече дека не е“, раскажа Аперибаи со насмевка.

Сепак, одлучи да му верува на неговиот спортски директор Ерик Бретос, што на крајот се покажа како вистински потег. Под водство на Матарцо, Реал Сосиедад го освои Купот на кралот, четврти во историјата на клубот.

Но приказната не заврши тука. По големиот успех и пласман во финалето, претседателот повторно ја преиспита својата одлука: „По полуфиналето против Атлетик, вештачката интелигенција ми рече дека сум донел одлична одлука“, додаде тој.

Матарцо пристигна во клубот по лошиот почеток на сезоната и промената на тренерското место и брзо ја сврти ситуацијата. Од борба за долниот дел на табелата, успеа да ја доведе екипата до трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер знае кој услов Слот мора да го исполни за да остане тренер на Ливерпул

Судбината на Арне Слот стана една од најчестите теми во англиските медиуми речиси цела сез…