Дома Фудбал Немаше спиење за фудбалерите на Реал Мадрид во Минхен!

Немаше спиење за фудбалерите на Реал Мадрид во Минхен!

Тимот на Реал Мадрид вечерва ќе се обиде да го надомести дефицитот од еден гол во Минхен и да обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баерн ја доби првата средба со резултат 2:1 во Мадрид, а вечерата пред реваншот, навивачите на германскиот шампион направија сѐ што е потребно за да го нарушат фокусот на играчите на Реал.

Конкретно, во еден час по полноќ, пред хотелот во Минхен каде што престојува Реал, имаше спектакуларен огномет, а исто така беа фрлани и петарди кои сигурно ги разбудија играчите на Кралскиот клуб.

Шпанските новинари, кои пристигнаа во Германија за да известуваат за натпреварот, успеаја да го снимат огнометот. Според нив, безбедносните служби веднаш почнаа да ги бараат лицата кои ги активираа овие ефекти, иако засега не е познато дали ги лоцирале.

Да потсетиме, подобриот тим од вечерашниот двобој во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе се сретне со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзија на натпреварот на Аргентина: Легенда тврди дека голот на Меси не требаше да биде важечки

Меси го доведе Аргентина во водство во 38. минута по одлично изведена акција во натпреваро…