Дома Фудбал Нема крај на проблемите: Родри повторно се повреди

Нема крај на проблемите: Родри повторно се повреди

Шпанскиот играч за врска Родри продолжува со опоравувањето од повреда на тетивата, поради што ќе ги пропушти неделните натпревари на Манчестер Сити против Виљареал и Астон Вила, изјави тренерот на англискиот прволигаш Пеп Гвардиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и деветгодишникот, кој поголем дел од минатата сезона ја пропушти поради сериозна повреда на коленото, го напушти теренот поради шепот во првото полувреме на натпреварот меѓу Сити и Брентфорд, кој со 1-0 го доби клубот од Манчестер, на 5 октомври пред да се повлече од шпанската репрезентација за квалификациските натпревари за Светското првенство.

Го пропушти и домашниот триумф на Сити со 2-0 над Евертон во саботата. Манчестер Сити во вторник игра гостински натпревар против поранешниот клуб на Родри, Виљареал во Лигата на шампионите пред неделното дуел со Астон Вила во Премиер лигата. Екипата на Пеп Гвардиола е втора во лигата со 16 бода по осум натпревари, со три бода помалку од водечкиот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси даде гол па се расплака: Поминувам низ тежок период…

Една недела пред да наполни 39 години, Лионел Меси го остави својот белег со хет-трик на С…