Дома Фудбал Нема крај на проблемите: Анчелоти „замрзна“ поради сцена на тренинг (Видео)

Нема крај на проблемите: Анчелоти „замрзна“ поради сцена на тренинг (Видео)

Карло Анчелоти оваа сезона има проблеми со повредите на играчите од Реал Мадрид, а на утринскиот тренинг се случи ситуација која го загрижи Италијанецот и неговите асистенти.

Анчелоти на утринскиот тренинг „замрзна“ кога виде дека еден од најдобрите играчи на Реал седна на теренот и побара докторот да дојде до него.

Станува збор за бразилскиот напаѓач Родриго, кој игра во фантастична форма, но Бразилецот имаше повреда на крајот на минатата година.

Но, утрово за време на тренингот само седна на теренот и покажа дека има проблем со левата нога. Докторот на Реал му пријде за да види за што станува збор, а Анчелоти стоеше настрана и очекуваше информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преку четири години се играше врвен фудбал, а денес на стадионот ѓубре, тревник, урнатини… (Видео)

На југот на Франција се наоѓа стадион кој до пред неколку години беше место на собирање на…