Дома Фудбал Некогаш беше главен фудбалер на Италија, сега игра натпревари за У21

Некогаш беше главен фудбалер на Италија, сега игра натпревари за У21

Иако неговата кариера сѐ уште не е завршена и е во години кога може да направи големо враќање во фудбалската елита, италијанскиот офанзивец Федерико Киеза со повредите е уништен до таа мера што моментално настапува за У-21 тимот на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Федерико Киеза падот не запира. Овој 27-годишен крилен офанзивец, најголемиот талент на неговата генерација во Италија, во последните години постојано опаѓа, а по бројни повреди и кавга во Јувентус, ова лето премина во Ливерпул.

Но, за Црвените одигра само три натпревари. Повредите продолжија и на Енфилд, а во Ливерпул тешко ќе дочека посериозна шанса бидејќи игра на истата позиција како Мохамед Салах, кој е незапирлив оваа сезона.

Додека се опоравува од повредите и седи на клупата во немилост на Салах, Киеза денес игра за У-21 тимот на Ливерпул.

Додека возрасните играчи на Ливерпул играа против Њукасл фантастичен натпревар во Премиер лигата, Киеза играше за У-21 тимот со младинците против Нордсјаеланд и постигна гол за 1:1.

Крилниот напаѓач ќе игра за У-21 тимот се додека биде потребно, со цел да се врати во некаква форма, надевајќи се на враќање во сениорскиот тим на Ливерпул, ако му го дозволи телото што е подложно на повреди.

На Киеза сѐ му тргна надолу откако беше еден од најголемите херои во освојувањето на титулата европски шампион со репрезентацијата на Италија во 2021 година. Тогаш Јирген Клоп се обиде да го доведе во тимот на Ливерпул, но тој остана во Јувентус и неговата кариера тргна по надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…