Дома Фудбал Нејмар и Јуве? Можеби, ако сакаат сами себе да си пукаат во нога…

Нејмар и Јуве? Можеби, ако сакаат сами себе да си пукаат во нога…

Се зборува дека Нејмар би можел да се врати во Европа. Во моментот, тој игра за Сантос, но често се расправа со навивачите на клубот, иако го сметаат за голема легенда, веруваат дека не ја исполнува одговорноста на големо име.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Што следно за Бразилецот?

Се спомнува дека Марсеј е реална опција, но има и интерес од Јувентус, ако може да се верува на некои медиуми.

Поради тоа, денес „Газета“ на хартија стави зошто е добро да се доведе Нејмар, а зошто не. Исто така, својот глас го даде и одбранбениот играч на Јувентус, Бремер, кој изрази големо задоволство од интересот на „стариот господин“ за легендарниот Бразилец.

Има ли воопшто смисла?

Јувентус ќе си пука во нога, ако гледаме на тоа од аспект на терен, Нејмар е во очајна форма, не игра редовно, нема сила за 90 минути, и ако ги земеме предвид неговите години, тешко дека ќе се врати во вистинска форма.

Покрај тоа, неговото присуство на теренот можеби би го „задушило“ Јилмаз околу кој Јуве планира да гради тим, новиот спортски директор Комоли има некои други приоритети и тоа е сосема во ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска по катастрофата на Сити им се јави на челниците на клубот и порача: Мора да ми го донесете него

Манчестер Сити вчера претрпе тежок пораз на почетокот од новата сезона од Арсенал (3:0) во…