Дома Останати Кошарка Не му простија: Јокиќ реагираше бурно по провокација, а сега ја дозна и казната од НБА (Видео)

Не му простија: Јокиќ реагираше бурно по провокација, а сега ја дозна и казната од НБА (Видео)

Никола Јокиќ е казнет со 50.000 долари поради конфликтот на крајот од четвртата утакмица на плејоф серијата помеѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимберволвс, соопшти НБА лигата.

Инцидентот се случи во финишот на натпреварот кој Минесота го победи со резултат 112:96 и поведе со 3:1 во серијата. Во последните секунди на средбата, играчот на Тимберволвс Џејден МакДаниелс постигна лесен кош иако победникот веќе беше решен, што предизвика бурна реакција од Јокиќ. Српскиот центар потоа го претрча теренот и го турна противникот, по што дојде до потсук од страна на играчите од двата тима.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во нередите се вклучи и Џулијус Рендл, кој е казнет со 35.000 долари поради агресивно однесување и дополнително ескалирање на конфликтот. И двајцата беа исклучени од игра поради неспортско однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Невиден хаос, Јокиќ исклучен: Погледнете го моментот кога почна турканицата меѓу играчите на Минесота и Денвер!

Минесота води 3-1 во плеј-офот откако го совлада Денвер со 112-96 во 4. натпревар од оваа …