Дома Останати Кошарка Не е се во парите: Македонски репрезентативец одбил понуда од големата Барселона!

Не е се во парите: Македонски репрезентативец одбил понуда од големата Барселона!

Американскиот плејмејкер со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс, игра во неверојатна форма и важи за еден од највлијателните кошаркари на европската сцена оваа сезона. Во дресот на Париз, Шортс не само што ги оправда, туку и ги надмина сите очекувања, водејќи го тимот кон историја и обезбедување пласман во плеј-офот на Евролигата.

Францускиот состав, предводен од Шортс, ќе се соочи со моќниот Фенербахче во елиминациската фаза, а сето тоа благодарение на визијата, брзината и прецизната организација на играта што тој ја носи на теренот. Неговите настапи редовно се препознаваат со индивидуални признанија – неколку пати беше прогласен за МВП на колото, а најновото признание е вклучувањето во идеалната петорка на сезоната во Евролигата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таквата форма, секако, не остана незабележана. Според информациите на Планета Баскет, големиот Барселона му испратил конкретна понуда – договор вреден 2,5 милиони евра по сезона. Каталонците се подготвени да инвестираат сериозни средства за да го доведат во својот состав, но Шортс ги изненади сите со својот одговор.

И покрај привлечната финансиска понуда и блескавата репутација на шпанскиот гигант, Шортс решил да остане фокусиран на моменталните цели со Париз. Со тоа испрати јасна порака – резултатите и успехот на тимот се приоритет број еден, а трансферите ќе почекаат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…