Дома Фудбал Не е се во парите: Интер одбил 50 милиони евра

Не е се во парите: Интер одбил 50 милиони евра

Алесандро Бастони очигледно е многу вреднуван во Интер од Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фактот дека челниците на “нероазурите” ја одбија богатата понуда за овој фантастичен дефанзивец го потврдува тоа.

Според известувањата на Газета дело спорт, Челзи беше подготвен да издвои 50 милиони евра за да го донесе високиот стопер во своите редови, но тоа не ги импресионираше челниците на тимот од Милано.

Останува да видиме дали “сините” ќе ја подобрат својата понуда. Бастони е дел од Интер од 2017 година, има одиграно 179 натпревари и постигнато пет голови.

Тој е стандарден и во составот на италијанската репрезентација со 37 одиграни натпревари и два голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…