
По воспоставената доминација во Турција, Галатасарај реши да направи искорак и на европската сцена, за што се подготвува состав од исклучително силни играчи.
Првата „бомба“ беше ангажманот на Лирој Сане, а следната сензација може директно да пристигне од Милано.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми шпекулираат дека Галата подготвила повеќегодишен договор со вредност од 10.000.000 евра по сезона за играчот на Интер, Хакан Чалханоглу.
Капитенот на турската репрезентација е стандарден дел од стартната постава на вицешампионот на Европа, а неговото доаѓање би ја подгреало веќе топлата атмосфера меѓу навивачите на најтрофејниот турски клуб, кој минатата сезона не успеа да се квалификува за Лигата на шампиони.
Намерата на клубот од Истанбул е да го задржи Виктор Осимен, како и опциите Николас Џексон и Џонатан Дејвид, додека се обидува да го ангажира и Илкај Гундоган, кој е заинтересиран за трансфер во Галата една година пред истекот на неговиот договор.
Пред доаѓањето на Сане, во клубот пристигнаа Исмаил Џакобс и Пржемислав Франковски за вкупна сума од 15.000.000 евра, па се чини дека ова лето парите на Босфор не се проблем…