Дома Фудбал Нејмар за 42 минути заработи нереална сума од Ал-Хилал

Нејмар за 42 минути заработи нереална сума од Ал-Хилал

Бразилската ѕвезда Нејмар зеде од Ал-Хилал дури 101 милион евра за само 42 минути фудбал во минатата година.

Нејмар беше донесен како големо засилување во Саудиска Арабија. Меѓутоа, тешката повреда му оневозможи да ја покаже својата магија, па за Ал-Хилал во 2024 година настапи само двапати и на теренот помина 42 минути.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Сепак, за тој период заработи неверојатна сума. Саудискиот клуб му ја исплати платата од 101 милион евра.

Нејмар пристигна во овој тим во август 2023 година од ПСЖ. Платен е 90 милиони евра и доби договор од 100 милиони евра годишно.

Сепак, веднаш по доаѓањето се случи тешка повреда. Нејмар речиси и да не играше, но платата според договорот беше редовна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубови со најголема заработка, Реал надмина милијарда

Меѓународната консултантска компанија „Делаит“ објави листа на клубови со најголеми приход…