Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе го напушти саудискиот Ал Хилал, а веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Како што јави Фабрицио Романо, 32-годишниот Нејмар е на прагот да се врати во бразилскиот Сантос.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сантос веќе испрати понуда до Ал Хилал за позајмица на Нејмар до крајот на сезоната, односно до крајот на неговиот договор со саудискиот клуб, и се очекува таа да биде прифатена.
🚨🧨 Neymar Jr, close to returning to Santos as the Brazilian club has now submitted formal loan proposal!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 19, 2025
Santos are waiting for green light from Al Hilal, timing depends on the Saudi club.
Santos, way ahead of Chicago Fire in Ney race as @diariodopeixe @clmerlo called. pic.twitter.com/ohn8NwF2hV
Еден од доказите дека Нејмар дефинитивно го напушта Ал Хилал е тоа што клубот не го пријави за настап во втората половина на сезоната од саудиската Про лига, што не е изненадување, имајќи предвид дека Бразилецот, поради честите и долготрајни паузи поради повреди, одигра само седум натпревари откако дојде во клубот пред година и пол, а за тоа наплати огромни 200 милиони евра.
Иако се очекуваше неговото заминување во МЛС лигата, поточно во Интер Мајами или Чикаго Фајр, Сантос беше најконкретен и навивачите на бразилскиот клуб повторно ќе имаат можност да го гледаат фудбалерот кој им донесе шест трофеи со 136 голови од 225 натпревари во периодот од 2009 до 2013 година.