Џими Батлер е во центарот на хаосот и на теренот и надвор од него. Јавно кажа дека сака да си замине од Мајами, клубот го суспендираше и сега се бара идеално решение за неговото заминување. Се споменува и размена во Денвер кај Никола Јокиќ, но шансите за тоа се многу мали. Сега се појавија нови информации за него.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за работи од приватниот живот и детали во врска со алиментацијата. Тој со Кејтлин Новак имаат три деца – Рајли, Брајан и Кијан. Според судска одлука, им плаќа 55.000 долари, но одбива да им плати уште 10.000 долари месечно за дадилка, бидејќи тврди дека не им е потребна.
Целиот случај заврши на суд и адвокатите на Џими изнесоа неколку тврдења, меѓу другото потенцираат дека Кејтлин одбива да најде работа. “Треба да се нагласи и дека таткото и мајката никогаш не биле венчани, што значи дека мајката нема исти права како да е омажена за НБА кошаркар“, наведоа неговите адвокати.