Дома Останати Кошарка НБА-лигата му се поклони на Николa Јокиќ поради еден податок (Фото)

НБА-лигата му се поклони на Николa Јокиќ поради еден податок (Фото)

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ продолжува да доминира во НБА лигата на сите можни начини. Тоа го потврди со играта против Сакраменто Кингс, кога стана првиот кошаркар после Вилт Чембрлен кој достигна трипл-дабл со над 35 поени, 20 скока и 15 асистенции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој на тој меч запиша 35 поени, 22 скока и 17 асистенции, и со серијата трипл-дабли ќе се обиде да продолжи и на денешното гостување против тимот на Минесота Тимбервулвс од 21.00 часот според наше време.

Никола Јокиќ запиша 150 трипл-дабли на 713 натпревари во својата кариера, што е дури 21% од сите натпревари што ги одиграл во НБА лигата. Тој податок го објави и самото натпреварување на своите официјални социјални мрежи.

Никој нема поголем процент на натпревари на кои постигнал трипл-дабл како самиот Јокиќ, а на 150 натпревари на кои достигнал овој резултат, Денвер има 119 победи и 31 пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…