Дома Фудбал Навивачка на Канада стана хит на интернет: Сакавше да направи „мексикански бран“, но ѝ испадна телефонот (Видео)

Навивачка на Канада стана хит на интернет: Сакавше да направи „мексикански бран“, но ѝ испадна телефонот (Видео)

Натпреварот помеѓу Канада и Јужна Африка донесе интересен момент надвор од теренот, кој за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека на стадионот се движеше познатиот мексикански бран, една навивачка на Канада стана за да им се приклучи на останатите, но во тој момент ѝ испадна мобилниот телефон од рака. За секунда сфати што се случи, а нејзината шокирана реакција заврши во телевизискиот пренос и брзо стана вирална.

Снимката со голема брзина се прошири на интернет, а бројни навивачи во коментарите се пошегуваа дека ќе размислат добро пред следниот пат да учествуваат во мексиканскиот бран. Многумина овој момент го нарекуваа еден од најсмешните детали на Светското првенство досега.

pic.twitter.com/58j0rjZvEs— Out Of Context Football (@nocontextfooty) 28 јуни, 2026 година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим без милост: Отпиша дури седум фудбалери на Милан!

Рубен Аморим веќе започна со значајни промени во екипата на Милан, а според најновите инфо…