Дома Фудбал Навивачите се воодушевени: Рафиња ја покажa класата и надвор од теренот (Видео)

Навивачите се воодушевени: Рафиња ја покажa класата и надвор од теренот (Видео)

Во реванш натпреварот од Купот на Кралот, Барселона го победи Атлетико Мадрид со резултат 1:0 и се пласира во финалето на ова натпреварување.

Стрелец на единствениот и одлучувачкиот гол беше Феран Торес во 27. минута по асистенција на младиот Ламине Јамал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите, ако не и најдобар играч на Барселона оваа сезона – Рафиња ги помина сите 90 минути на теренот и уште еднаш одигра одлично.

Бразилецот одамна покажа дека има класа на теренот, но синоќа ја покажа класата и надвор од него.

Рафиња ги чекаше играчите на Атлетико Мадрид во тунелот и се поздрави со повеќето од нив.

На сите им е познато дека Барселона и Атлетико Мадрид се големи ривали, но Бразилецот реши да го тргне тоа настрана и да ја покаже својата човечност.

Покрај тоа што се поздрави со повеќето играчи, со Родриго Де Паул и разменија дресови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри може да се натпреварува со Конте за селектор на Италија

Тренерот на Милан Масимилиано Алегри може да биде голем конкурент на својот колега во Напо…