Дома Останати Кошарка Навивачите „пресекоа“: Брони, НБА не е за тебе… (Видео)

Навивачите „пресекоа“: Брони, НБА не е за тебе… (Видео)

Започна тоа што Американците го нарекуваат „предсезона“ во НБА лигата, а Лејкерс играа натпревар без Лука Дончиќ и Леброн Џејмс и лесно беа поразени од Финикс со резултат 103:81.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Не можеа да го запрат Девин Букер кој постигна 24 поени, во Лејкерс само Ривс беше расположен со 20.

Но, многумина внимателно го следеа еден друг кошаркар на Лејкерс – Брони Џејмс.

Кога површно ќе ја погледнете статистиката и ќе видите дека постигнал 8 поени, имал 5 скока и 2 асистенции, можеби ќе речете дека не е толку лошо, но беше сосема поинаку.

Брони погоди само една тројка од 8 обиди, вкупно имаше шут 1-12 од игра, најчесто поените ги постигнуваше од линијата за слободни фрлања и тоа за 24 минути во игра.

Вистина е, уште е млад, има само 20 години, но со ваков шут тешко дека може да игра во НБА лигата на неговата позиција…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Го игнорираше Халанд: Ова е контрата за која Норвешка може долго да жали (Видео)

Англиската фудбалска репрезентација обезбеди учество во полуфиналето на Светското првенств…